Елмас во посета на поранешниот клуб Работнички

Фото: ФК Работнички

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас го искористи слободно време да го посети својот поранешен клуб Работнички од каде и ја започна својата професионална фудбалска кариера.

Играчот на италијански Наполи игра одлична сезона, а неговиот клуб е пред освојување на Серија А, а ќе игра и четвртфинале од Лигата на шампионите.

Елмас беше во Македонија бидејќи одигра два натпревари за репрезентацијата, против Малта од 1. коло од квалификациите за ЕП 2024, како и пријателскиот меч со Фарски Острови.

Денес Елмас присуствуваше на еден од тренинзите на Работнички каде се поздрави со стручниот штаб и фудбалерите, кои се подготвуваат за продолжението од домашниот шампионат.

23-годишникот преку Работнички во 2017 годна пристигна во Фенербахче, од каде по две години се пресели во редовите на Наполи.