Екипите на МВР и на АРМ во Чардаклија одиграа ревијален меч во спомен на Влатко Петров

Вечерва во спортскиот центар во Чардаклија се одигра вториот полуфинален натпревар во рамките на Меморијалот „Влатко Петров“. Во мошне интересен натпревар натпреварот Тас Комерц – Спиро заврши со резултат 1:3 така да во финалето на овој традиционален Меморијален турнир ќе се сретнат Драгеви ДООЕЛ – Спиро.

Организаторите се погрижија вечерва во Чардаклија да се одигра и ревијален натпревар во кој се сретнаа другарите на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили на Македонија, Влатко Петров а тоа беа екипите на АРМ и на МВР.

Натпреварот колку за спомнување заврши со резултат 3:0 победа на АРМ, но многу поважно од се, е гестот кои го покажаа и организаторот на турнирот и секако играчите на теренот. За таа цел организаторите им доделија Благодарници на екипите на АРМ и на МВР како траен белег и почит кон нивниот ангажман и почест која ја искажаа кон трагично загинатиот им другар, Влатко Петров. Инаку финалето на овој веќе 21 Меморијален турнир ќе се одржи во понеделник 2 август на ден Илинден со почеток во 9. 00 часот а за првото место ќе се борат екипите на Спиро и на Драгеви ДООЕЛ по што ќе следи церемонијалот на доделување на награди на најдобрите екипи и поединци.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk