Екипите на Кожуф и Каменица Саса во големи резултатски кризи во Втората лига!

Каменица Саса е во најголема резултатска криза во Втората македонска фудбалска лига, екипата од малото рударско гратче заборави да победува. Опстанокот е обезбеден што беше главна цел на тимот од Македонска Каменица, пролетната полусезона беше одлично отворена особено откако во Турново со 4:0 ја декласираше Брегалница, а потоа Саса заборави да победуваме.

Имено „рударите“ пролетниот дел го започнаа со реми против Кожуф, па следуваше победа во Радовиш над Детонит Плачковица, па големата побеад од 4:0 над Брегалница и тоа беше последниот триумф за Саса, односно тимот нема триумф од 1. март, речиси два месеци Саса не знат да победи.

После победата над Брегалница, екипата на Саса нанижа шест порази и две ремија и никако да излезе од резултатската криза. Во следното коло Каменица Саса на домашен терен ќе игра против Вардар Неготино на домашен терен во обид конечно да дојде до излез од резултатската криза и да забележи победи.

Во следна ситуација е и тимот на Кожуф од Гевгелија со резултатска криза, иако опстанокот е обезбеден сепак екипата нижи лоши резултати како на брза лента.

Кожуф во пролетниот дел има само две пбоеди против Вардарски од минимални 1:0 и против Вардар Неготино од 0:2, има четири порази и пет ремија. Последен пат Кожуф триумфираше на 8 март во Неготино и речиси два месеци екипата од Гевгелија нема триумф.

Во следното коло Кожуф ќе гостува на „Билјанини Извори“ каде против Охрид ќе бара излез од резултатската криза.

Токму Кожуф и Каменица Саса го делат деветото место со по 33 бодови, но веќе екипите на Победа, Вардар Неготино и Новаци ги стигнаа, па така овие три екипи влегуваат во трка да ги поминат Кожуф и Саса на табелата и сезоната да ја завршат и во средината од второлигашката табела.

Александар Ванев, М-Нет