Екипата на Агросмарт на убедлив начин го освои турнирот во мал фудбал „Спасовден 2025“

Екипата на Агросмарт е победник на овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Спасовден 2025“ откако во големото финале низ тотална доминација на теренот го декласираше составот на Алфи со 10:2.

Наместо дерби како за финале, публиката уживаше во голеадата и тресењето на мрежите.

Наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.

Турнирот помина во најдобар ред, со одлична организација, фудбалска магија, дерби натпревари, многу погодоци.

Александар Ванев, М-Нет