Една цена на рафт, друга на каса, граѓаните се чувствуваат изманипулирани во маркет

Шок на касите во маркетите, една цена на рафт, друга при плаќање. Граѓаните револтирани, велат дека секојдневно плаќаат повеќе од прикажаното. Разликите во цените достигнуваат и по неколку денари за ист производ, а купувачите се чувствуваат изманипулирани.Наместо попусти и акции, ги чека непријатно изненадување на сметката. Незадоволството расте, а довербата во маркетите е се помала.

Ваквите случаи кај штипјани лесно не минуваат, производите им ги враќаат и заминуваат да пазарат во некој подобар маркет.

Купувачите се повеќе внимавaт на цените и ја проверуваат сметката пред да заминат од маркет. Разликите во цените ги остава вознемирени штипјани и потсетува дека вниманието е најдобрата заштита.

Иван Митев, М-Нет