
Викендот се одиграа натпревари од 3. коло од Четвртата лига односно Општинската фудбалска лига во Кисела Вода.
Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт имаа можност во живо преку директен пренос да го проследат соочување меѓу Кул Здравје и Студеничани натпревар кој се одигра на стадионот „Цементарница 55“ во Скопје, а на кој беа постигнати дури шест погодоци.
Кул Здравје и Студеничани ги поделија бодовите играјќи 3:3 на натпревар на кој беа постигнати атрактивни евроголови какви ретки се гледаат и натпреварот од европскиот фудбал.
Сабри Алиу во 10. минута го отвори резултатот за водство на гостинската екипа од 0:1. Домашниот тим во финишот преку искусниот напаѓач кој има голема кариера зад себе Милан Ристовски со два брзи гола во 42. и 44. минута обезбеди предност од 2:1 на полувреме.
Во вториот дел се случи нов комплетен пресврт за водство на гостинската екипа, откако најпрво во 63. минута Музафер Ејупи погоди за 2:2, а десет минути подоцна Фати Јусуфи стрелаше за ново водство од 2:3 за Студеничани.
Во финишот односно во 87. минута Ристовски со трет гол ги постави конечни 3:3 и обезбеди бод за Кул.
На останатите натпревари во овој регион од Четвртата лига екипата на Тестилец со 4:2 го доби составот на Славија Пржино, а пак екипата на Слободен без милост го декласираше Вардар 75 со резултат од 9:0. Натпреварот меѓу ССК Младинец и Зелениково не се одигра.
Телевизија М Нет е единствениот медиум во Македонија кој врши преноси во живо на натпревари од Втора, Трета и Четврта лига.