
По жалбите од страна на Трајче од село Ерџелија за енормно високата разлика во последните две сметки за струја, и прилогот на М-Нет телевизија одговор пристигна и од страна на ЕВН. Од таму информираат дека станува збор за за коригирана фактура која е изготвена
согласно регистрираната потрошувачка на електрична енергија за Вашето
мерно место.
„Корекцијата на фактура е извршена, со цел да се овозможи точна
распределба на потрошената електрична енергија, по соодветните тарифни
блокови. Во случај кога е извршена уплата по фактури кои се сторнирани
за изготвување на корекциската фактура, уплатените средства се земени
предвид и се евидентираат во новата, коригирана фактура.“ – велат од ЕВН.
Воедно, Ве известуваме дека корисникот може да поднесе барање за плаќање
на долгот на рати.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет