Душица Бреслиева од таеквондо клубот Штип освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Грција опен“ во Солун

Голем успех за штипјанката Душица Бреслиева која освои бронзен медал на Меѓународниот таекводно турнир „Грција опен“ во Солун.

Бреслиева од таеквондо клубот Штип во категорија до 55 килограми во јуниорска конкуренција забележа две победи против Ниови Толија од Грција со 2-0 во рунди, а потоа следуваше победа и над Мелина Димитра Фиска од Грција исто така со 2-0.

Во полуфиналето Бреслиева беше поразена од Марија Лемонија Спану од Грција со 0-2.

Штипјанката има одлични резултати и го грасира патот кон Олимписките игри кој се играат во 2032 година, а Бреслиева одлично се подготвува и напредува под тренерската палка на браќата Сашко и Жарко Арсовски.

Покрај Бреслиева од таекводно клубот Штип настапија и Паола Арсовска која загуби од Викторија Зина Зафиери од Грција со 0-2 во категорија до 52 килограми, како и Драгана Ефтимова во категорија до 59 килограми која загуби од Марија Пападопулу од Грција со 0-2.

Александар Ванев, М-Нет