Дурмиши: Над 7.000 лица аплицирале за мерките за самовработување, се очекуваат и нови мерки

Над 7.000 лица аплицирале за мерките за самовработување во рамките на оперативниот план, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Програмата понудува до 7.000 евра за лица над 29 години и до 10.000 евра за млади до 29 години, како и дополнителна можност за формирање на нови бизниси во партнерство помеѓу две лица. Вкупно 6026 апликации се поднесени за првата мерка, додека 1.100 апликации пристигнале за втората мерка, која поддржува вработување во сопствени фирми. Овој оперативен план има за цел да понуди можности за самовработување и креирање нови работни места, а очекувањата се дека повеќе од 10.000 граѓани ќе го искористат овој бенефит по спроведувањето на сите мерки

,,За првите мерки за самовработување до 7.000 евра над 29 години и до 10.000 евра до 29 години и ако се здружат две лица за отворање на еден бизнист, имаме апликации 6026 души кои аплицирале и сега е во селекција. Околу 1100 души аплицирале на другата мерка, каде што може даплицирале фирмите каде што можат да земат лица за да ги вработат во сопствениот бизнис.Така да заедно имаме над 7.000 луѓе кои аплицирале со овој оперативен план, но имаме уште мерки кои што се во тек и ќе ги објавиме како што денес направивме. Кога ќе го спроведеме до крај оперативниот план над 10.000 граѓани ќе имаат можност да ги земат бенефитите од овој оперативен план.“, рече Дурмиши

Дурмиши рече дека ова е план за иднината за секој млад човек невработен да има своја шанса. Додава дека во следниот период особено ќе се нуди можност на младите до 29 години, а истите е потребно да имат завршено најмалку средно образование.

Со ваквите новитети, министерстовто за економија и труд има за цел да ги задржи млади во државата и да им овозможи шанса за креирање на сопствен бизнис, преку кој младите ќе можат да егзестираат во државата

Иван Митев, М-Нет