Дури 500 нови вработувања се планирани во кочанска приватна фирма, 300 годинава, 200 следната година

Дури 500 нови вработувања се планирани во кочанска приватна фирма во текот на оваа година и следната, соопштува премиерот Христијан Мицкоски. Денеска тој рече дека 300 од нив ќе бидат примени до крајот на оваа година, а веќе од следната уште 200 други. Според неговата изјава, станува збор за две хали, од кои што едната ќе биде готова до крајот а оваа година, додека втората во текот на наредата година.

,,Станува збор за инвестиција, која што е трудо интезивна, близу 3200 вработени, со план за нови 500 вработувања во две фази. Кога ќе биде завбршен објектот позади нас, практично ќе имаме нови 300 вработено, догодина се планира нови 200, така што ќе се заокружи една бројка од 3200 вработени. За време на посетата можевме да видиме сето она кое што тука се работи, станува за исклучително висока технологија со голема додадена вредност на производот. Тоа што нас ни е важно. Од тоа што разговаравме, во овие нови две хали зборувам за оваа позади нас , која што е во фаза на изградба и онаа која што ќе започна понатаму ќе имаме исклучително висока технологија, која што одговара на најсовремените технолошки процеси, така што јас сум навистина задоволен што можам да кажам дека како влада подржуваме дирекни инвестиции, домашни, странски.“, рече Мицкоски

Вакви инвестиции се планирани и во иднина во другите општини, потенцираше премирот Мицкоски дирекно од настанот.

Инаку, премиерот дополнително посочи дека тие како Влада ќе стои и понатаму на располагање со сите инвестиции, без разлика дали странски или домашни. Целта како што рече е владата да биде партнер со цел да се стабилизираат работите во државата.

Иван Митев, М-Нет