ДСД „Браќа Миладиновци“ Штип го одбележа патрон празникот и 61 година постоење

Со пригодна манифестација, рецитал, музика и песна денеска се одбележаа 61 година од постоењето на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип. Домците приредија активности во кои уживаа сите. Дополнително се доделија признанија на вработени во домот, кои оваа година славеа 10 години од своето работење. Во склоп на активностите беше и организираната крводарителска акција во соработка со Центар за тарнсфузиона медицина Штип. Интересот беше на задоволително ниво, односно за два часа од започнувањето беа собрани 12 крвни единици.

„Денес е значаен ден за нашиот дом, го прославуваме нашиот патронат, воедно и 61 година од постоењето на оваа институција. Со гордост можеме да кажеме дека го носиме на македонските преродбеници браќа Миладиновци затоа што оставиле белег, не само за македонскиот јазик туку и за нашата историја.“ – вели Барбашка.

Домот „Браќа Миладиновци“ Штип и оваа година продолжува со работа. Пополнети се сите слободни места од страна на учениците и студентите кои се сместени овде во текот на учебната година. Во меѓувреме се прават напори за потпишување договори со Министерството за образование со цел да се реконструира истиот и домците да добијат подобри услови за престој и учење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет