
Државата подготвува нов модел за справување со високите цени. Премиерот Христијан Мицкоски денес најави дека до крајот на месецов ќе се дефинираат мерките, со цел да се дојде до трајно решение. Во игра се повеќе пристапи – се анализираат податоци, се вклучуваат професори, инспекторати и трговските ланци. Идејата, како што вели премиерот, е да нема привремени потези.
,,Очекувам дека до крајот на месецот ќе го концепираме моделот и доколку продолжи овој тренд во месеците кои што ќе следат, да имаме ваков тип на мерки, кои што ќе бидат кон граѓаните. Размислуваме на неколку пристапи, се консултираме и со професори и тие прават анализи и ние и пазарниот инспекторат, разговараме и ќе разговараме со ланците маркети, така ѓто треба еден заеднички пристап, да не се гледаме како различни страни, треба сите ние и граѓаните и ланците и ние заеднички како влада да го гледаме заеднички проблемот, а не одвоено за да можеме да дојдеме до трајно решение.“, рече Мицкоски
Дека поскапување има, согласен е и премиерот Мицкоски, посочи дека дури за 4 проценти бележи поскапување од лани до сега.
„Поскапување има, и тоа не треба да го достави државниот пазарен испекторат. Самата инфлација вели дека за 4 проценти на годишно ниво е споредено со минатата година дека се зголемени трошоците на граѓаните. На месечно ниво беа некаде околу 0,8 проценти. Најлесно ни е да аплицираме мерка која што на краток рок ќе даде може би резултат, но потоа за неколку месеци ќе се нивелираат повторно ваки бројки.“, додава Мицкоски
Премиерот Мицкоски потенцираше дека нивниот интерес како влада е да имаат задоволни граѓани, кои што имаат најниски цени во Европа, но како што рече мора најпрво да се навлезе во базата за да овие мерки не биват краткорочни.
Иван Митев, М-Нет