ДПС „Лисец“од Штип наскоро ќе изгради спасителна станица на Плачковица

Друштвото за Планинарски спортови „Лисец“ од Штип во соработка со Општина Карбинци подготвуваат иградба на спасителна станица на планината Плачковица. Според информациите од членот на друштвото Милорад Ангелов,ова ќе биде прва спасителна станица во источниот дел на Македонија и ќе се гради на врвот Црквиште во непосредна близина на црквата во изградба – Св.Спиридон. Новата спасителна станица ќе ги содржи сите неопходни модерни елементи,апаратури, уреди, средства за соасување со кое ќе им се излегува во пресрет на евентуалните загрозени планинари или туристи.

Оваа спасителна станица ќе биде уште една новина или дополнување на планинската убавица Плачковица на веќе поставените билборди, патокази, пештери, кањони, вештачката карпа, првата ферата, археолошкиот локалитет Баргала и уште многу други. Спасителната станица ќе се состои од две нивоа, во првото ниво ќе престојуваат спасителите и ќе биде сместена целокупната опрема, а во второто ниво ќе има кревети за престој и одмарање на евентуално загрозените планинари или туристи. Утре, Четврток ќе се изврши поставување на камен – темелникот со што официјално ќе започне и изградбата на првата спасителна станица во Источна Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk