Дополнителните три денари на оризарите се уште не се исплатени, ќе има ли нов протест?

Дополнителнителните три денари на сметка на оризопроизводителите од кочанско се уште не се исплатени. Токму заради ова се разгледува можноста во недела повторно да се излезе на протест со блокада на патниот правец Кочани Штип. Децидени дека овие пари сега пред сеидба се најмногу потребни, бараат средба со министерот за земјоделие, за проблемите да се решат и да не се излегува на нов протест.

„Дополнителни три денари од ковид мерката, колку предадено толку треба да се исплате, за жал една лга 15 јануари, 15 февруари, 31 март од се тоа нема ништо. Тие три денари во овој момент ни се повеќе од потребни за да може нормално да се заврши припремата за сеидбата. Ние ќе чекаме уште некој ден“ – вели Арсов.

Оризарите од кочанско бараат само достоинствен разговор со Министерот за земјоделие за да се стави крај на проблемите со кои се соочуваат.

„Ниеден земјоделец не е за протест и штрајк, сака да му се решат проблемите. Бараме пред сеидбата да сае утрврди оправдана економска цена, производна и економска цена. Ако е 30 денари производната цена, 40% плус на тоа за да имаме пари за репродукција и за живот. Ние не бараме за 80% да ни се покаче нешто, ние го бараме тоа што го заслужуваме, да живееме нормално како што заслужуваме“ – додава Арсов.

Се очекува најдоцна до 1 мај да биде пуштен и водата за седибата на белото злато да биде навремена. Оваа година предвидувањата се дека ќе има намалување за 500 до 600 хектари.

Изјава 02.37 до 15 03.01 ориз

Оризарите потенцираат дека не само оризот како кулура идентична е сируацијата и со пченката и потребно е да се разговара со надлежните за да се решат недостатоците.

Лаура Стојанова М-Нет