Домашен чај пред да се пие апче, штипјани се лекуваат со бабините рецепти

Чај од нане, прегорен шеќер со млеко и греана ракија – домашната аптека се уште прв избор за сите настинки и грипови. Аптеките скапи, џебовите речиси празни, па граѓаните често знаат да се вадат со изреката ,, баба ми знаеше по добро“. Штипјани се лекуваат дома, со мед, лимон, парацетамол и ќебе за надеж дека ќе помине. И најверојатно поминува, затоа што во Штип лекот не секогаш доаѓа со рецептот, туку со мирсот на чај и топлина во домот.

Граѓаните велат така научиле од своите предци, да се лекуваат најппрво дома со домашни производи, а кога нема решение, бараат спас кај матичните лекари.

Инаку, во време кога лековите стануваат луксуз, народот си ја враќа довербата во тоа што никогаш не изневерило – чајот, лажицата мед, и бабината мудрост.

Иван Митев, М-Нет