Доматите и краставиците со вештачки ниска цена, кромидот прескап на пазарот во Штип

Кромидот со цена до плафон, доматите и краставиците со вештачки ниска цена на штипскиот пазар. Продавачите задоволни од побарувачката, ама велат дека цената на производите карактеристични за летниот период не е реална, туку е диктирана од увозот. Кај нас, пак, посочуваат производство нема. Освен недостатокот на производство, и цената на кромидот ја диктира увозот. Тука велат трговците не може да се стори ништо.

Граѓаните веќе реагираат на екстремно високата цена на кромидот, која се движи од 70 до 80 денари. Другите цени, за дел високи, за дел пристојни. Сепак, посочуваат дека одредено замрзнување на цените треба да има, бидејќи сегашните примања се недоволни.

Реалната цена на доматите и краставиците треба да е многу повисока, велат производителите. Тие не се оптимисти дека истата ќе биде пониска и за време на летниот период поради недостатокот од производство, ама посочуваат дека тоа нема да се случи доколку и понатаму увозот диктира пониски цени.

Ребека Спасова М-Нет