Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип домаќин на вториот интернационален танцов натпревар

780 учесници од 15 града од државата денеска се преставија на сцената во Штип. Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип беше домаќин на вториот интернационален танцов натпревар, со целодневна програма во која учесниците имаа можност да го претстават најдоброто.

„Денес Домот на културата под покровителство на Министерството за култура го организираме вториот по ред интернационален танцов натпревар. Штип, односно Дом на култура е домаќин на 780 учесници и исто толку родители кои се присутни да ги бодрат на овој натпревар. Натпреварот трае преку целиот ден, а вечерта имаме Гала вечер каде сите победници се преставуваат и се бира најдоброто“ – кажа Трајков.

На Гала вечерта се избира најдоброто во неколку категории и победниците ќе добијат парични награди. Според орагнизиаторот Ана Марија Адраманова, задоволство е што натпреварот се реализира во Штип, бидејќи сите претходни поголеми настани се во главниот град.

„ Натпреварот се случува цел ден од девет часот наутро до девет навечер. Ќе се престават натпреварувачи од 15 града. На Гала вечерта се избираат четири најдобри формации, четири групи и најдобри четири солисти. Од сите нив се избира по еден победник и на крајот ќе добијат парична награда. Во текот на денот иамме 119 кореографии. Во тие кореофрафии спаѓаат и формации и група и продукција и сола и дуа. Јас сум многу среќна бидејќи ние ова го ораганизираме, бидејќи вакви настани најмногу се случуваат во Скопје.“ – кажа Адраманова.

За учесниците ова е огромно искуство и се надеваат на победи.

На натпреварот се преставуваат групи само од државата. Од ваков поголем тип ова е прв натпревар реализиран во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет