
Долги колони возила се забележани на граничниот премин Делчево за излез од Македонија и влез во Бугарија, поради зголемениот интензитет на сообраќајот за време на продолжениот викенд по повод празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Голем број граѓани го користат продолжениот викенд за патувања надвор од државата, а тоа придонесе за зголемена фреквенција на возила и создавање колони на граничните премини.
Гужви се забележани и на другите гранични премини во земјава, каде што се очекува зголемен сообраќај во текот на празничните денови.
Возачите кои планираат патување треба да се подготват за можно подолго задржување на границите и да имаат предвид дека сообраќајот може дополнително да се интензивира во текот на продолжениот викенд.