
Доделени новогодишни пакетчиња на сите првооделенчиња од ООУ Славејко Арсов и на сите дечиња од ДГ Астибо клон Бамви во населбата Баби во Штип. Целта на ваквото дело е да се зголеми новогодишната магија кај децата, како и да им се оддаде внимание преку кое тие ќе бидат среќни. Дека тоа е така, согласен е и Дедо Мраз, кој пред камерите на медиумите посака родителите на своите дечиња да даваат повеќе книги и чоколади, наместо телефони и таблети.
Претседателот на урбаната заедница Баби Ангелко Ристов вели дека ваквата организација се реализира традиционално трета година по ред, а истата ќе се негува и понатаму во следните години.
„Денес урбана заедница Баби традиционално трета година по ред организира посета и доделување на новогодишни пакетчиња на најмалите жители во нашата населба, односно во ОУ Славејко Арсов и ДГ Астибо. Новогодишните пакетчиња е најдобар подарок за дечињата. Чувството кога гледаш радост во нивните очи е безценета, затоа ние како урбана заедница ќе ја продолжиме оваа традиција и во наредните години.“, вели Ристов
Директорот Илија Митров истака благодарност што тие како ДГ се дел од новгодипната програма на населбата и топло им ги честита празниците на сите свои сограѓани.
“Еве и ние како ДГ да изразиме благодарност до урбана заедница Баби и на претседателот кои што се сетија на нас оваа година да донираат скромно пакетче, но тоа е како што гледате најубавиот поклон на детето и за нивната среќа неизмерна е истата.“, вели Митров
Инаку настанот беше реализиран утрово, а на истиот Дедо Мраз многу ги изенанди дечињата, кој со многу прегратки и ветувања дека ќе бидат послушни го испратија од своите училници.
Лаура Стојанова, М-Нет