
Ваучери за потребите на детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ денеска додели Општина Штип. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека ваучерите претставуваат симболична поддршка за подобрување на условите во градинките и создавање подобра средина за најмладите.
,,Децата се нашата иднина и недела на детето е во суштина недела на нашата иднина. Посакувам во воспитно-образовниот да има подобри услови во година во година. Да се трасира патот на секое дете кон вистинските вредности затоа што тоа ни е потребно да продолжиме да го развиваме нашиот град со позитивна енергија. Ова се едни скромни ваучери кои секоја година Општина Штип ги доделува на детските градинки како еден вид симбол за поддршка во насока подобрување на состојбата на детските градинки“ рече Јорданов
Градоначалникот Јорданов на дечињата им посака безгрижни детски денови, исполнети со учење и радост, а на присутните и на сограѓаните им порача од година во година да се зголемува бројот на деца опфатени во воспитно-образовниот и згрижувачкиот процес.
,,Ви посакувам на вас најмладите коишто сте дел од детските градинки да имате безгрижно детство, да учите, да ги слушате вашите воспитувачки, вашите родители, а тие да се гордеат со вас, а вам присутните и на нашите сограѓни ви посакувам од година во година на овој ден да си посакаме да имаме што е можно поголем број на дечиња во воспитно-образовниот згрижувачки процес и да го трасираме патот на развој на нашиот град“ посака Јорданов
Јорданов се надева дека од година во година ќе се подобруваат условите во градинките, а децата ќе растат во позитивна средина, усвојувајќи ги вистинските вредности.
Ева Тушевска, М-Нет