Доделени 30 пакети храна на семејства чие движење е отежнато заради снежната покривка

Заради отежнато движење по патиштата до одредени штипски села, чии патишта сеуште не се исчистени од снегот, Општина Штип покрај интезивното работење на расчистување на истите, доделени  се и пакети храна на социјално загрозените семејства со цел да се олеснат снежните денови на жителите во селата каде што е помала доспатпноста за движење. Од кабинетот на грданачалникот на Општина Штип, со писмено известување истакнаа дека:

„Општина Штип во текот на изминатите денови поделени се 30 пакети со храна и основни продукти во руралните средини на тешко пристапни места за социјално загрозените семејства со цел да ги олесниме овие снежни денови на жителите во селата каде што достапноста за движење е помала. Оваа акција ќе продолжи во текот на наредните денови со цел да им биде олеснето секојдневието на нашите сограѓани.“

Во соработка со касарната „Јане Сандански“ Штип, со теренско возило се посетени овие жители. Јавното претпријатие „Стипион“ продожува со теренска работа со расчистување на патиштата. Инаку, по создавањето на снежната покривка низ Штип и околкните населени места градоначалникот Николов истакна дека екипи на ЈП„Исар“ и ЈП„Стипион“ се на терен постојано, а главните коловозни ленти во централното градско подрачје како и тротоарите веднаш беа оспособени за движење. Проблем беше движењето кон одредени села, но и тоа полека се разрешува.

Лаура Стојанова М-Нет