
Македонскиот кик – боксер Димитар Ѓоргиев ја освои титулата светски првак на првенството што се одржува во Италија. Тој во дисциплината Лоу – Кик во категорија – 81 кг. го победи претставникот од БиХ Никола Дробњак на поени 3:0. Ова е голем успех на нашиот Димитар Ѓоргиев кој се избори за искачување на шампионскиот трон по четврти пат и за свирење на македонската химна. Колку за потсетување Димитар Ѓоргиев беше Светски шампион во 2011 г. потоа во 2013, 2015 и сега во Лидо ди Џесоло во Италија во 2021 година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk