Дивоградбите и натаму никнуваат во државата, само лани регистрирани 911, најмногу за домување

Дивоградбите и натаму никнуваат во државата. Само лани биле регистрирани 911 бесправно изградени објекти, а најголем дел од нив се објекти за домување. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека меѓу евидентираните дивоградби има и огради, деловни објекти, натстрешници, гаражи, помошни и времени објекти, како и доградби, надградби и адаптации. Најголем дел, односно 96,1 процент од бесправно изградените објекти, се во приватна сопственост. Статистиката покажува дека бесправната градба и натаму останува сериозен предизвик во државата.“

„Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 169 објекти за домување(18.6 %), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 %), 116 деловни објекти (12.7 %), 79 гаражи (8.7 %), 164 огради (18.0 %), 9 скалила (1.0 %), 6 тераси (0.7 %), 22 летни тераси (2.4 %), 113 натстрешници (12.4 %), 17 времени објекти (1.9 %) и 106 помошни објекти (11.6 %).Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација.“, велат од ДЗС

Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост.

Иван Митев, М-Нет