
На 24.10.2026 во 11:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.В.(37) од с.Моштица. Според пријавеното, тој со повредите се здобил околу 11:00 часот додека се движел на место викано „Градиште“ во с. Моштица, при што бил нападнат од дива свиња. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Виница.