Дечиња од с.Истибања за Велигден шареа јајца во Р.Турција и ги подаруваа на децата од светот

Наместо дома, дечињата на ФА Китка Истибања, велигденски шареа јајца и ги подаруваа на сите деца од светот во Мерсин, Р.Турција, учествувајќи на фолклорен детски фестивал наречен ,,23 април“, ден посветен на детето. Единсвени од Македонија и соседството, презетирајќи ја македонската традиција, преку проткаените стари обичаи, како вапсување јајца, белење платно, истреување на чумата, македонските мали и млади чувари од Истибање се здобија со признанија и награди од таму. Како што за М-Нет телевизија информира претседателот на ова фолклорно друштво Стојко Митковски, чувството да се презентира Македонија во милионскиот град Мерсин е восхитувачки прекрасно.

Наградите од таму, како и учеството се нов поттик и мотив за работа ке рече Митковски, па дециден останува дека до крјаот на животот тој ќе ги учи дечињата.

Инаку, децата од Истибања многупати се докажале како промотори на македонскиот фолклор од нивниот крај, како и добитници за најдобри негувачи на македонската традиција.

Иван Митев, М-Нет