
Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит на патолози, се поголем број на млади лекари заминуваат во странствоо, а државата останува без кадар. Доктор Џенгис Јашар како патолог посочува дека доста дефицит има кога се во прашање и микробиологијата, биохемијата и слично. Ова е бидејќи и за студентите не се атрактивни медицинки гранки од една страна, а од друга страна нема начин како да бидат интересни со што младите ќе ги изберат и ќе останат да работат во државата.
„Дел од гранките во медицината, ќе ја вклучам тука и миктобиологијата, биохемијата во оваа средина не се доволно ценети и не се атрактивни. Во последно време има голем дефицит на педијатри, гинеколози, поедини интернистички гранки и слично. Во суштина со тек на време дефициентните гранки ќе бидат се позастапени.“ – вели Јашар.
Недостигаат и анестезиолози, бидејќи се помалку ова како гранка е атрактивно за младите. Сепак, има и такви кои ја бираат и добиваат мотив за да продолжат понатаму, бидејќи станува збор за тешка и одговорна медицинска гранка.
„Јас мислам дека тие вака им е интересно и сами се мотивираат во операционата сала. Голем дел од студентите сакаат да бираат теми од нашата област и ги менторираме нив и стимулираме да ја одберат како гранка иако е многу тешка.“ – вели Ефтимова.
Факултетот за медицински науки при УГД Штип има три студиски програми и некаде околку 3000 студенти активни.
Лаура Стојанова М-Нет