
На заабавен начин дечињата згрижени во двете детски градинки во Штип побрзо ќе ги учат бројките и буквите. Ова е овозможено со набавка на фан лаптопи кои се достапни во сите клонови во детските градинки „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Истовремено, по 30 години обновени се детските масички и столчиња, како и дворните места во градинките со што истите стануваат подоборо место за згрижување на децата. Градоначалникот Јорданов истакна дека не застануваат овде, во наредниот период градинките целосно ќе се преуредат и ќе го добијат ликот кој го заслужуваат.
„Како што најавивме во изминатите денови, направивме набавка на нов ентериер на 700 нови анатомски столчиња, на повеќе од 200 масички, целосна замена на масичките и столчиња. На најдобар начин предновогодишно сакаме да влеземе во новата година, да го разубавиме буквално сечиј живот и со новите реквизити како и фан таблетите децата полесно да ги научат бројките и буквите“ – вели Јорданов.

За наредната 2023 година е предвидено замена на стариот и дотрен медел во градинките, вели директороката Ангеличкова. Со вакви инвестиции се подобрува воспитниот и згрижувачки процес за дечињата.
„Чест и гордост ни е што стигнавме во пресрет на праџзниците да ги смениме сите столчиња и масички. Ги израдуваме дечињата, особено на е – таблетот.“ – додава Ангеличкова.
Инвестицијата е во вкупна вредност од шест милиони денари, средства од Буџетот на Општината.
Лаура Стојанова М-Нет