Детонит Плачковица остана без Албан Таипи, тој е нов играч на Арсими!

Второлигашот Детонит Плачковица остана без напаѓачот Албан Таипи, кој е нов играч на Арсими.

21-годишниот Таипи во Радовиш се задржа само една полусезона, по што се реши да менува средина, со што се пресели во тимот од Чегране.

Таипи, пред Детонит Плачкоковица настапуваше за Беса од Добри Дол, а претходно пак беше дел од неколку унгарски клуб, а кариерата ја започна во екипата на Ренова.

Арсими, претходно се засили со Алпај Јусуф, Стојан Стојчевски и Малиќ Белули.

Арсими презимува на 4. место на табелата со 29 бодови, а пролетниот дел од Втората лига тимот на Арсими ќе го започне во Струмица против Беласица, а целта ќе биде обезбедување на место за Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет