
Оваа сабота на програмата се натпреварите од 22. коло од Втората македонска фудбалска лига, а дерби натпревари за опстанок ќе се играат во Кочани, Прилеп и Тетово.
Победа и Каменица Саса влегуваат во директна пресметка за опстанок, трите бодови се многу важни и за двете екипи кога е во прашање опстанокот. Дерби за опстанок ќе има и во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Новаци, пресметка од капитална важност и за двете екипи.
Во Тетово ќе се соочат Тетекс и Кожуф во дуел каде бодовите за важни и за двете екипи. Двете екипи се во длабока резултатска криза и немаат победи на последните пет натпревари.
Детонит Плачковица ќе гостува кај Башкими во Куманово, каде за радовишани трите бодови се императив, а пак Арсими ќе игра дерби со Скопје во меч каде трите бодови силно ги посакува домашниот тим.
Лидерот Беса на домашен терен ќе игра против Караорман во натпревар каде трите бодови повеќе од јасно е дека ќе останат дома, Охрид како фаворит ќе го пречека тимот на Беласица, Пелистер на домашен терен ќе се соочи со Вардар од Неготино, а на овој меч фаворитската улога ја имаат битолчани.
Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет