
Утре се игра големото дерби на двата ривали за титулата меѓу шампионот Вардар и вицешампионот Шкендија, дуел на „црвено-црните“ од Скопје и „црвено-црните“ од Тетово.
Вардар заврши со европските настапи и целосно е фокусиран на домашното првенство и Купот на Македонија, додека пак Шкендија ја очекува реванш каде се надева на позитивен резултат за пласман во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА.
Традицијаата вели дека треба да очекува најмалку два гола на дербито кое се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 17 часот. Последен пат овие две екипи без голови одиграле на 5 октомври 2019 година, од тогаш до денес биле постигнувајни најмалку еден погок, но воглавно натпреварите завршуваше со два или повеќе од три погодоци.
За Вардар предност може да биде свежината на тимот бидејќи Шкендија во четвртокот играше во Шкотска, а ја очекува оваа недела и реваншот во Скопје,
Стојанче Трпчевски ќе биде главен судија на овој кој ќе ја дели правдата, а влогот од натпреварот е голем. Иако е само второ коло и се очекува долга и неизвесна сезона со 36 кола, сепак победата ќе биде добар сигнал и за двете екипи на патот кон титулата која ја брани Вардар.
Александар Ванев, М-Нет