Дерби на Вардар и Силекс, Работнички и Шкупи ќе бараат излез од резултатската криза

ФОТО: ФК Башкими

Поради вториот круг од локалните избори кој се закажани за во недела, 11-тото коло од Првата фудбалска лига ќе се одигра во три дена почнувајќи од утре, среда со два меча, а ќе се игра во четврток и петок.

Веќе за утре се закажани два натпревари. Арсими ќе игра на домашен терен против Работнички во обид домаќинот да дојде до нова победа, после сензацијата во Кавадарци, а притоа и да го искористи моментот на големата резултатска криза на тимот од Дебар Маало.

Македонија ЃП на домашен терен ќе игра со Башкими, во доста неизвесне дуел, а каде „лавовите“ ќе се потпираат на домашниот терен, а пак гостинот од Куманово на одличната форма во која игра, бидејќи на последните пет меча има три победи и две ремија.

Во четврток исто така ќе има два меча на програмата. „Фенерџијата“ Шкупи на домашен терен ќе игра против Струга Трим Лум во меч каде домашниот тим ќе бара дури прв сезонски триумф, додека пак стружани ќе бараат рехабилитација после поразот од Брера Струмица на домашен терен.

Пелистер ќе мора да најде излез од резултатската криза бидејќи тимот од Битола на последните пет натпревари има четири порази и едно реми, а битолчани сега ќе се соочат со Тиквеш. Ова ќе биде дуел на две екипи кои направија тренерски промени. Пелистер го назначи Милан Стојановски за нов тренер, а пак Тиквеш сега бара решение за испразнетото тренерско столче, а веќе има неколку потенцијални кандидати за да седне на тренерското столче, кои имаат големо искуство во македонскиот фудбал. Во секој случај ова ќе биде дерби на две екипи кои ќе бараат триумф.

Во петок на програмата ќе бидат два натпревари. Брера Струмица која игра во одлична форма ќе се соочи со Шкендија, која во претходното коло го загуби дербито од Вардар и шампионот ќе бара сега три бода во Струмица, додека пак Брера која го тресна тимот на Струга и го симна од врвот е мотивирана и за триумф против тимот од Тетово.

Дербито на колото ќе го одиграат Вардар и Силекс кои ќе се соочат во Скопје. Вардар е во одлична победничка форма и единствен тим кој нема пораз и ќе сака нова победа да се зацврстува на врвот од табелата, а пак Силекс кој се врати на победите со два триумфа во низа ќе оди на мегдан против најтрофејниот клуб во обид да биде првиот тим кој ќе го порази.

Александар Ванев, М-Нет