Дерби на БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ, Шкеднија Арачиново против Кадино, соочување на Куманови и Пчиња

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од петтата рунда на Третата македонска фудбалска лига – Север. Колото ќе биде отворено со два натпревари утре, а ќе се комплетира в недела со останатите натпревари.

Новиот третолигаш Ржаничино на домашен терен ќе игра со Башкими Љуботен каде домаќинот ќе атакува на второ сезонско славје, а пак гостинот ќе бара излез од резултатската криза со триумф против новајлијата.

Академија Илинден на домашен терен ќе се соочи со Беса Влазрими каде триумфот и трите бодови се опција и за двете страни.

В недела Аеродром на домашен терен ќе бара втора победа против Ринија, во меч каде и гостинот ќе сака втора победа.

Дерби на Куманово и Пчиња, ланскиот шампион кој не го помина баражот за Втора лига против новиот третолигаш во атак на трите бодови.

Њу Старс на домашен терен ќе игра незгоден меч против фаворитот Фортуна каде гостинскиот тим го има искусниот голгетер Орхан Мифтари кој е најдобар стрелец во лигата.

Дербито на колото ќе го одиграат БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ каде трите бодови се императив и за двете екипи кои во новата сезона го напаѓаат првото место кое води кон баражот за Втора лига. Домаќинот загуби само од фаворитот Шкендија од Арачиново, а пак поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ е непоразен со максимални четири од четири. За Еуромилк ГЛ ова ќе биде тежок меч бидејќи потоа во следното коло веднаш ќе се соочи на домашен терен со Шкендија Арачиново во ново дерби.

Шкендија Арачиново како домаќин ќе се соочи со некогашниот второлигаш Кадино, каде тимот на Шкендија ќе биде голем фаворит за трите бодови. За Шкендија овој меч ќе биде подготовка за дербито кое следува потоа со Еуромилк ГЛ од шесттата рунда.

Александар Ванев, М-Нет