
Утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се одигра дерби натпреварот од 4. коло на плеј-офот меѓу Штип УГД и Борец од Велес.
Одбојкарите на Кристиан Ристески сакаат продолжува на победничката серија, а за таа цел бараат и силна поддршка од трибините, ветер во грб за ново заедничко славје.
Велешани силно мотивирани доаѓаат во градот под Исарот со целда направат изненадување против актуелниот освојувач на Купот на Македонија.
Натпреварот ќе започне во 18 часот.
Во однос на останатите натпревари од плеј-офот, шампионот Струмица утре ќе игра против Работнички со почеток од 18 часот, а пак од 20:30 часот Сушево ќе го пречека тимот на Универзитет во Тетово.
Во однос на плеј-аутот, сите три натпревари се играат утре. Јанта Волеј ќе биде домаќин на Скопје, Лирија ќе ја пречека Весна Пробиштип, а пак Македонија Џио оди на мегдан против Шкендија.
Александар Ванев, М-Нет