Денеска, православните христијани го празнуваат празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава. Според народното верување се смета дека е денот кога сонцето се врте кон зима, се поврзува со вртењето на сонцето. Светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте христијански апостоли. Поради проповедање на верата бил осуден да биде распнат на крст со главата надолу, но настанал земјотрес во кој загинале тие што го мачиле, Вартоломеј останал неповреден. Евангелието го проповедал во Индија, а кога ја излекувал царската ќерка до лудило бил распнат на крст одрана му била кожата и отсечена главата. Неговиот спомен заедно со апостолот Варнава се празнува.
Светиот апостол Варнава е еден од седумдесетте апостоли. Варнава значело син на утеха а тој бил наречен така бидејќи, во околината бил познат по тоа што ги тешел другите. Верата и Евангелието го попроведал заедно со апостолите Марко и Павел. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј коешто за време на својот живот го препишал на рака.
Овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа.
Надица Стојковска/ М Нет
