Денеска и утре е Задушница – во спомен на душите на мртвите

Денеска е Задушница православните христијани ја празнуваат,а следниот ден Духовден. На Задушница во црквата се служи парастос, се слави споменот на починатите со посета на гробовите и раздавање храна за душа и со палење свеќи и молитви за покој на нивната душа.

„ Еден од големите христијански празници кои го празнуваме. Задушница ја празнуваме и се слави споменот на починатите блиските роднини и пријатели кои починале. Се оди на гробовите се носи храна, но ние секогаш велиме да се придржуваме до скромниот начин.“ Изјавува, Јанев-свештеник

На овој ден се носат бардачиња или земјени садови во кои се ставаат и гранчиња од ореов лист. Бидејќи, се вели дека Светиот Дух во Светото писмо дојде врз апостолите во вид на огнени јазици, кога ќе го погледнеме ореовиот лист изгледа токму исто. И сето тоа ја претставува симболиката на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Во Недела е слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или педесетница, десет дена од Спасовден кога Христос воскреснувајќи се им го вети Светиот Дух.

„Затоа и Светата Црква како што кажавме определила да ги посетиме покојните во Петок попладне и Сабота наутро, а веќе во Недела е слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите.“ Изјавува, Јанев-свештеник

Надица Стојковска/М Нет