
Денеска завршува учебната година за сите ученици, од основно и средно образование. Меѓутоа дел од нив не успеаа ниту да ги посетат училишните клупи бидејќи следеа он лајн настава. Оваа учебна година која заврши денеска ќе биде регистриана како една од најспецифичните години. Министерката за образование и наука Мила Царовска, задоволна од начинот на кој заврши оваа учебна година.
„Учебната 2020/21 година претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени што за сите нас претставуваше најголема дрижа на почетокот.“ – истакна Царовска.
Само учениците од прво до трето одделение имаа можност да селдат настава со физичко присуство. За сите останати се применуваше или само он лајн настава или комбиниран метод на следење настава. Учениците денеска во своите училишта се појавија да ги вратат книгите, со надеж дека наредната учебна година ќе биде со полни училишни клупи и дворови.
Лаура Стојанова М-Нет