Денеска е Илинден, еден од најголемите македонски православни и национални празници

Денеска се слави еден од најголемите христијански празници Илинден, празник посветен на Свети Илија. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот јазик заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Свети Илија е еден од култните свеци кај православните македонци, бидејќи православната црква го има поистоветено со Перун, од словенската митологија кога вршела покрстување на Словение. Култот кон Перун бил широко развиен кај македонските словени, па така тие го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец. Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај Македонците.

Св. Илија бил боговидец, чудотворец за Божјата вера. Бил родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Тоа било предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја минал во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли.

Илинден како државен празник е неработен ден во Македонија Традиционално празникот се чествува во Крушево на Мечкин Камен. Таму е и централната манифестација. Мечкин Камен е посетен од голем број на државни и други делегации и голем број на граѓани.

Едно од најавтентичните настани за Илинден е традиционалното пристигнување на коњаниците во Крушево.