
Денеска е ИВАНДЕН, на големо се слави– Рождеството на Светиот славен Јован Крстител.
Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера, кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител,Собор на свети Јован Крстител итн. Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле работите, на Св. Јован му се паднале кумството и побратимството. Граѓаните уште рано наутро се поклонија пред иконата на Св. Јован, посакувајќи си здравје, среќа и мир.
Инаку, Според обичаите, пред Иванден се бере јованова трева и се додаваат ајдучка трева, мајчина душица, вртика и лук, кои се врзуваат со црвен конец. Не ретко, наместо конец се користи црвено цвеќе, за да венецот биде уште поубав.Венецот се поставува пред врата на Иванден вечерта, со верување дека ќе ја донесе заштитата од сите зла.
Се верува дека водата има волшебна моќ, па многумина се капат со вода од реки и езера за да се ослободат од нечистите сили
За Иванден, се вели дека е празник на девојките. Тие палат ивански огнови, собираат цвеќе и трева, пеат, плетат венци и уживаат во празничната атмосфера. Денеска именден празнуван Иван, Ивана, Ивона и слично.
Иван Митев, М-Нет