
Денеска се одбележува светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. За разлика од претходните години, оваа година овој ден се посветува на медицинските сестри, со барање за унапредување на можностите за професионален развој и едукација, со најнови и најсовремени достигнувања за менаџирање со дијабетес. Одбележувањето на светскиот ден на дијабетесот е со цел да се подигне свеста на граѓаните за превенција од истиот. Членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис нив, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот – рече Заев во денешното видео излагање во врска со светскиот ден на дијабетесот. Во нашата држава над 130 илјади граѓани ја имаат оваа болест, а 500 од нив се деца под 18 години. Имајќи го здарвјето на граѓаните како врвен приоритет, Владата им стави крај на набавка на несигурни средства за инсулинска терапија, изјави Заев. Во над 15 општини и Градот Скопје ќе бидат осветлени значајни објекти во сина боја со цел подигнување на свеста за дијабетес под мото „Јас дијабетичарот и мојата прва поддршка медицинската сестра”.
Лаура Стојанова М-Нет