Денес ќе биде отворено 17. коло во Првата кошаркарска лига: Дерби на ТФТ со Работнички, Пелистер против Феникс ќе бара победа

ФОТО: КК Гостивар 1954 | АРХИВА

Денес со мечот меѓу Гостивар и шампионот МЗТ Скопје ќе биде отворено 17. коло на Првата кошаркарска лига на Македонија. Околу самиот меч шампионот е апсолутен фаворит против разнишаниот Гостивар кој е во голема резултатска криза со четири порази во низа.

Утре, Пелистер на домашен терен против Феникс ќе ја бара 11-тата победа, а со тоа и враќање на победничките патеки откако во претходно коло беше поразен од Кожув, од друга страна Феникс ќе сака продолжува на победничката серија и победа во Битола.

„Фенерџијата“ Вардар на домашен терен ќе игра против Чаир, тим пак кој на последните три натпревари има порази и сега кон Вардар кој нема ниту еден триумф сезонава ќе бара излез од резултаската криза.

Дербито на колото ќе бидеме ТФТ Скопје и Работнички, ова ќе биде интересен меч каде ТФТ Скопје е со два порази во низа, а на последните пет меча има три порази и две победи, додека пак Работнички е со две победи во низа за вкупно три на последните пет меча.

Куманово и Кожув ги очекува израмнет и неизвесне меч каде и двете екипи бараат 11-та сезонска победа. Двете екипи се израмнети и тоа го прави овој меч атрактивен, додека пак Тиквеш ќе биде домаќин на Шкупи каде исто така очекуваме неизвесен натпревар на две екипи кои се во идентична форма од последните пет меча.

Александар Ванев, М-Нет