Денес се празнува св.Фануриј – заштитник на учениците и студентите

Денес народот го празнува маченикот Фануриј кој се смета за заштитник на учениците и студентите, а познат обичај меѓу народот е правењето фанурија лепче. Граѓаните за М-Нет телевизија посочиа дека денес е празник за замислување на желби на сите ученици, па во секој дом дечињата со своите мајќи, баби спремаат фанурија лепче за здравје, среќа, но и многу успех.

„Како и секој празник така и овој празник, повеќе зажелби исполнување, за учениците. Па убаво, овоа е повеќе за учениците, секој празник си е убав. Па секој си има, кој си има погачи, младите што можат тоа. Па убаво, среќен да е, среќен да е да им даде на децата на учениците.Епа тоа мајките си знаат месат погачи и си замислуваат желби.“ – додаваат граѓаните

Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти септември. Маченикот Фануриј, кој најмногу се славел во Македонија, Мисир, Родос и на островот Крит. За него скоро ништо не се знае, ниту во кое време живеел, ниту кои му биле родителите, ниту од каде потекнува, бидејќи неговото житие се изгубило.

На Крит претежно го почитувале козарите, кои дури и го сметале за нивен заштитник и помошник за откривање на изгубените стада.

Св. Фануриј мнoгу сe слави и вo Eгипeт, каде пoстoи прeданиe дeка нeгoвата мајка била тeшка грeшница.

Лаура Стојанова, М-Нет