
Денес на „Билјанини Извори“ се игра езерското дерби, одложениот меч од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига меѓу Воска Спорт и шампионот Струга Трим Лум.
Кога се во прашања вакви дерби натпревари улогата на фаворит можеби и не толку важна, колку што е важен престижот. Сепак, шампионот е квалитетен противик со поголемо искуство во Првата лига, како и од меѓународни натпревари, дефинитивно за Воска Спорт овој меч ќе биде тежок, па за охриѓани и бод ќе биде одличен исход од овој тежок натпревар.
Струга е во одлична форма има три победи во низа во Прва лига и во Охрид доаѓа по четврта победа во низа и со тоа да се искачи на второто место на табелата, а со оглед на фактот што во тој случај ќе останат уште два одложени натпревари, стружани може да останат осамени и на врвот од табелата.
За овие две екипи овој натпревар ќе биде прв официјален првенствен натпревар, а досега овие две екипи имаат одиграно само три пријателски натпревари, од кои на два Струга забележа победа, а на еден Воска Спорт.
Натпреварот е закажан а денес со почеток од 15 часот, а главен судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип.