
Денес продолжи судењето за родителот кој нападна двајца фудбалери на фудбалски натпревар на стадионот Бело Брдо во Штип, меѓу екипите на ФК Брегалница и ФК Шкупи.
На претходната главна расправа обвинетиот побара судски преведувач на албански јазик, а за денешното рочиште беше обезбеден преведувач на албански јазик.
На денешното рочиште беа сослушани неколку сведоци, а искас дадоа и двајцата оштетени фудбалери. Ново рочиште е закажано за 2 и 3 октомври кога треба да се сослушат останатите сведоци, а потоа ќе треба да се произнесе судот.
Инаку, натпреварот се одигра на 24 август, меѓу екипите на Брегалница и Шкупи од 1. коло на помладата пионерска суперлига на Македонија, родител на фудбалер од ФК Шкупи нападна двајца фудбалери на домашната ФК Брегалница, младите фудбалери се зборија со повреди констатирани во Клиничката болница во Штип, а мечот заврши со триумф за Брегалница од 2:1.
Александар Ванев, М-Нет