Денес и утре се вакцинираат 28 здравствени работници од Клиничка болница Штип

По почетокот на вакцинацијата против Ковид 19 која започна во главниот град и најпрво се вакцинираше медицинскиот пресонал од таму, веќе започна и вакцинација на медицинскиот персонал и на локално ниво. Денеска и утре ќе се вакцинираат медицинските работници од Клиничка болница Штип, кои вакцината ќе ја примаат во клиниката во Скопје. Во телефонски разговор со потпаролот на Клиничка болница Штип, Шуманска, за М-Нет телевизија истакна дека 28 медицински работници денес и утре ќе се вакцинираат против Ковид 19. Тоа се лицата, медицинскиот персонал кој директно се на удар со ковид позитивните лица. Во оваа бројка не е вклучен директорот на Клиничката болница Штип, д-р. Георгијев, кој исто така во една претходна емисија на нашата телевизја истакна дека ќе се вакцинира,  бидејќи предност се дава на оние кои се во првите борбени редови со ковид пацинетите. Градоначалникот на Општина Штип, како доктор односно професија која моментално му е во мирување, дава предност на директно засегнатите страни но ќе се вакцинира и тој.

Имунизацијата на населението во нашата држава започна пред пет дена, со 4680 вакцини од производителот „Фајзер“ донација од Република Србија. По завршувањето на кинеската нова година се очекува и пристигнувањето на кинеската вакцина од „Синофарм“.

Владата во согласност со Министерството за здравство имаат капацитет и за порачка на дополнителни вакцини.

Лаура Стојанова М-Нет