
Традиционалната крапска манифестација „Боила куп„ од денес па се до недела ќе се одвива на езеротото на браната Гратче кај Кочани. На оваа традиционална рибарска атракција за заловување на крап е дозволено користење исклучиво на мамец боила.

На оваа атрактивна дружба се пријавени и настапуваат 8 екипи од цела Македонија. На ова рибарско натпреварување екипите се составени од рамноправни тројца натпреварувачи а меѓу нив се наоѓа и трочлена екипа од градот Штип.

Нашите информации велат дека со цел зачувавање и одржување на рибниот фонд во езерото Гратче, во текот на вчерашниот ден е извршено последното порибување од предвидените за оваа година. Луѓето задолжени за оваа програмирана акција во езерото пуштија 308 кг. крап со тежина од 1.5 до 5 кг.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk