Дел од општините од Истокот веќе ги искористија ТАВ средствата, Штип ќе преговара за линија два

По вчерашниот прилог за изградба на водоводна линија два во Штип, и искористување на средствата од ТАВ, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека веќе е контактиран и очекува оваа недела преставници од ТАВ да дојдат во Штип.

„Претставници од ТАВ ме контактираа после направениот прилог и посел се она што го обелоденивме во јавност и веќе во наредните денови очекувам претставници од ТАВ да дојдат во Штип, да поразговараме до во која фаза е реализиацијата на овој проект. Од нивни укажувања добив информации дека веќе се преговара со економски операор и се утврдуваат самите детали и се очекува веќе во следните неколку недели да се започне со реализиација на проектот“ – кажа Јорданов.

Во меѓувреме дел од останатите општини во Истокот ги користа или во целост ги имаат искористено средствата кои се распределија од ТАВ откако пропадна изградбата на карго аеродромот во Штип. Општина Карбинци спо околу 24 милиони денари ја заврши првата фаза од изградбата на регионалниот водовод Плачковица. Градоначалникот, Виктор Паунов истакна дека тие средства веќе се искористени, а доколку се обезбедат дополнителни ќе продолжи со градба овој водовод кој во целост би чинел околу 55 милиони денари. Во Виница со овој фонд се реализира замена на азбестни водоводни цевки, а во Кочани исто така се искоритени средствата за реконструкција на главниов цевковод.

Во Делчево со парите од карго аеродромот ќе се изврши обнова на фасадата на училишната згрда. Градоначалникот Трајковски очекува прокетот да биде завршен до летото.

„Дел од средствата кои се од ТАВ програмата имаме добиено и овде во Делчево, тоа е за реконструкција на фасадата на основното училиште Ванчо Прке во Делчево. Имаме добиено средства во висина од околу 110 илјади евра. Работите процедурално се спроведуваа во изминатиот период за овие неколку наредни дена треба да се потпише договор со економскиот оператор кој ќе ги изведува работите и се надевам дека во текот на овој месец ќе започнат и градежните работи за да може пред стартот на учебната година да може целосно да се заврши фасадата на ова основно училиште“ -кажа Трајковски.

Инаку средствата од неизградениот карго аеродром кај Штип, Владата одлучи да ги вложи во 94 инфраструктурни проекти во 75 општини.

Лаура Стојанова М-Нет