
Девет оризопроизводители од кочанско добија покани за Суд следствено за протестите кои се организираа во септември минатата година. Здравко Арсов е еден од оризопроизводителите кои се најдоа во списокот за Суд, но тој вели она што било посочено тогаш од полицијата од нивна страна е испочитувано, па не можат да одговарат за настани кои биле потоа. Според него ова е малтретирање и заплашување, пред одржување на еден од најголемите масовни протести со цел исполнување на барањата на оризопроизводителите.
„Да платеме немаме, ако сакаат да не затворат нека не притворат, ние немаме никаква одговорност, уредно беше пријавено, уредно механизацијата беше од патот отстранета во целост и потоа луѓето сами се собраа спонтано и ние овде не преземаме никаква одговорност. Ние нема да се браниме, немаме вина, не ни е потребен адвокат. Адвокат се уредно поставените барање и почитувањето од наша страна“ – додава Арсов.
Прекршочните пријави пристигнале со образложение дека на протестот биле блокирани двете коловозни ленти на патот Штип – Кочани кај село Облешево. Како што додава Арсов до 12:30 часот додека траел самиот протест едната коловозна лента била слободна за минување, а откако тој го означил крајот се оградува од одговорност. Потоа се што се случувало било самоиницијативно од страна на револтираните оризопроизводители кои си ги бараа нивните права. Инаку, произведувачите на бело злато од кочанско најавија нов голем протест на ниво на државата доколку Владата и Министерството за земјоделство не ги слушнат нивните барања и не им излезат во пресрет на нивните проблеми.
Лаура Стојанова М-Нет