
Денес беа одиграни дел од натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, а во која беа постигнати многу погодоци.
Прволигашот Работнички со превисоки 0:16 го декласираше третолигашот Карбинци, кој на теренот беше немоќен да го запре налетот на разиграниот прволигаш.
Висока победа однесе и Македонија ЃП од 0:14 над третолигашот Љуботен, а пак Детонит Плачковица со 1:4 славеше над Башкими 2008 и оди во следната фаза.
Силекс со 1:7 беше пресилен за третолигашот Евротип, апак Брегалница во меч кој го следевте на М Нет телевизија славеше со 0:6 над третолигашот Победа во Валандово.
Охрид преку пенали го исфрли прволигашот Брера Струмица, откако во регуларниот дел беше 1:1.
Александар Ванев, М-Нет