Две починати лица пронајдени во Штип и околината, нема траги на насилство

Две починати лица во текот на вчерашниот ден пронајдени во Штип и околината. Во 9:25 часот во куќа во Штип била пронајдена мртва 48 годишна жена. Жената била по потекло од Кратово со живеалиште во Штип. Настанот го пријавиле во СВР Штип. На лице место е направен увид од увидна екипа од СВР Штип, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Штип. Нешто покасно во 20:25 часот во село Долни штипски во куќа бил пронајден починат 56 годишниот С.К. од Штип. Настанот бил пријавен во полициска станица. На лице место е направен увид од увидна екипа од СВР Штип, а смрт констатирал лекар од Итната медицинкса помош од Штип.

Од СВР Штип ги потврдуваат и двата настани. Велат дека од увидот на лице место е констатирано дека нема траги на насилство и телата се предадени на семејствата.

Лаура Стојанова М-Нет