
Две лица со моторно возило насилно влегле на депонијата во Штип, потоа ја запалиле, а притоа упатиле и закоани кон чуварските служби. Ова е причината поради која во текот на вчерашниот ден депонијата гореше. Градоначалникот, Иван Јорданов, на денешната прес конференција потенцираше дека лицата се пријавени во полиција, откако се евидентирани од страна на чуварите на депонијата преку видео надзорот кој е поставен на депонијата „Трештена скала“ во Штип.
„Одредени лица со возила влегуваат насилно во депонијата, ја палат, за да во наредните денови полесно да го селектираат железото и металот. Но предизвикуваат општа опасност, еколошка катасфтрофа, загадување на животната средина и опасност од ширење на пожар.“ – вели Јорданов.
Јорданов додаде дека лицата се добро познати на институциите, пријавени се во полиција и апелираше соодветно да се постапи согласно законите и лицата да одговараат.
„Апелирам до надлежните институции доколку имаат потреба од детални инфорамции, стоиме на располагање. Се надевам дека ова ќе биде последен случај оти се работи за здравјето на граѓаните“ – додава Јорданов.
ЈП Исар продолжуваат и во наредниот период со 24 часовен надзор.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет